9.8 C
Скопје
21:18 - 25 април, 2024

Замина еден златен глас – пејачката на „„What a feeling“ од „Flashdance“ беше добитничка на Оскар и Греми ВИДЕО

Ајрин Кара, пејачката која ги отпеа насловните песни на филмовите „Fame“ и „Flashdance“ од 80-тите, почина на 63-годишна возраст.

Веста ја потврди нејзината публицистка Џудит А. Мус на Твитер, која откри дека Кара починала во својот дом на Флорида. Причината за смртта засега не е позната.

„Ова е апсолутно најлошиот дел за еден публицист. Не ми се верува дека морав да го напишам ова, а камоли да го објавам. Ве молиме споделете ги вашите спомени и сеќавања на Ајрин. Ќе ги прочитам сите и ќе знам дека Ајрин се насмевнува од рајот. Таа ги обожаваше своите фанови“.

Ајрене Кара Ескалера (18 март 1959 – 25 ноември 2022 година) беше американска пејачка и актерка. Кара која ја отпеа и ја напиша песната „What a feeling“, од филмот Flashdance, освои Оскар за најдобра оригинална песна и награда Греми за најдобра женска поп вокална изведба во 1984 година.

Кара е позната и по улогата на Коко Хернандез во филмот Fame од 1980 година и по снимањето на насловната песна на филмот „Fame“.

Пред нејзиниот успех со Fame, Кара го толкуваше насловниот лик Спаркл Вилијамс во оригиналниот музички драмски филм Спаркл од 1976 година.

Слични објави

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо

Сеќавање на Велибор Џаровски-Џаро: „Животот е едно големо зезање“

еспресо
Се вчитува....