Рендген откри невообичаена маса во мозокот на девојчето! Лекарите итно го оперирале, а потоа следел нов шок

Неверојатна приказна е снимена во Киргистан, каде лекарите биле принудени да оперираат осумгодишно девојче, чии иницијали се Т.А.

Не е познато зошто дошла во болница, а комплицираната процедура е наредена откако пристигнале резултатите од рендгенските снимки.

Млада пациентка од регионот Џалал-Абад имала „невообичаена маса“ на мозокот, во таканаречената четврта комора.

Хируршкиот тим го предводел д-р Миталипа Мамитов, а експертите останале запрепастени кога сфатиле дека „масата“ на видеото е всушност прамен коса, долг еден метар.

„Влакното растеше во текот на животот на девојчето. Влакната биле вкоренети во основата на коморите и сите можеби биле предизвикани од аномалија во пренаталниот развој. Да не беа извадени ќе претставуваа закана по здравјето“, беше речено.