Дали неверојантата ноќ во Барселона може да го натера Мбапе да ја промени одлуката?

Килијан Мбапе блескаше синоќа на „Монжуик“, даде два гола за својот ПСЖ во убедливата победа од 4:1 над Барселона и го однесе својот тим во полуфиналето во ЛШ, а по мечот зборуваше и за својата иднина.

Тој во јануари ги извести челниците на ПСЖ дека на крајот од сезоната ќе си замине од „Паркот на принцовите“ и повеќе од сигурно е дека ќе се пресели во Реал Мадрид, а медиумите ги интересираше дали по победата над Барселона го променил мислењето.

„Дали овој резултат ја промени мојата одлука? Не, не, не, останувам на претходната одлука. Горд сум што го носам дресот на ПСЖ бидејќи сум роден во Париз. Сонувам за титула во ЛШ со ПСЖ и сè ќе сториме да одиме на „Вембли“, порача Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести