Кошаркарите на Мајами успеја убедливо да го совладаат составот на Чикаго Булс со 112-91, и со оваа победа да се пласираат во плеј-офот на НБА, каде ќе играат против Бостон, првопласираниот тим од регуларниот дел.
Веќе од првата минута можеше да се претпостави во кој правец ќе оди мечот, затоа што Мајами беше многу подобар тим пред своите навивачи, а после првите 12 минути се стекнаа со предност од +17 разлика. Малку се опуштија во втората четвртина, но во третата ги вратија работите по старо, па дури и подобро затоа што поведоа со 22 разлика.
Најефикасен на мечот беше Тајлер Хиро со 24 поени, 10 скока и 9 асистенции. Кај Чикаго ДеРозан постигна 22 поени.
Next man up. Jaime got the start and stepped up big time with 21 points in the W. pic.twitter.com/aXSUu1VCEQ
— Miami HEAT (@MiamiHEAT) April 20, 2024
Во вториот меч ноќеска, Њу Орлеанс Пеликанс славеа против Сакраменто. И покрај тоа што гостите ја завршија првата четвртина со водство, се чини клучна за победата на Њу Орлеанс беше втората која ја добија со 32-21, предност од која Сакраменто не успеа да се врати, односно Њу Орлеанс ја задржа до крајот.
Кај Сакраменто најрасположен беше Фокс со 35 поени, но ја немаше поддршката од соиграчите, додека кај Њу Орлеанс најдобар беше Инграм со 24 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА