Во гробови стари 11 000 години, пронајдени неверојатни детали на лицата на починатите

505

Околу 100 камени украси беа пронајдени од археолозите во гробовите на неолитската локација Бончукл Тарла во Турција, во текот на 2012 и 2017 година.

Украси беа пронајдени во гробовите на возрасните покојници, што укажува на најраната перфорација на лицето во Југозападна Азија.

Според новото истражување објавено во списанието Antiquity, орнаментите биле користени за перфорирање на телото, а исто така укажуваат на тоа дека биле користени во праисториските обичаи – ритуали на полнолетство.

При археолошките ископувања, тие беа забележани in situ до ушите и во ушните канали. Исто така, тие биле откриени во пределот на вратот или градите и во близина на брадата. Најчесто се направени од варовник, обсидијан или речни камчиња.

Идентификувани се вкупно седум различни видови на пирсови кои се носени, пишува порталот All About Archeology.

 

Разновидноста на орнаменти и нивната положба укажува на тоа дека тие биле изработени и носени како пирсинг на увото и долната усна. Пирсингот што се носи на долната усна е познат и како лабрет.

Тоа го поткрепува и анализата на скелетните остатоци, односно анализата на забите на починатиот. Научниците забележале знаци на абење на долните секачи, кои се во согласност со историските и современите случаи на носење лабрети во различни култури.

„Понатамошното испитување на скелетот откри дека и мажите и жените имале пирсинг, но само возрасните ги носеле. Немаше докази за овие украси во детските гробови“, пишуваат авторите на студијата.

Таквиот ритуал можеби имал за цел да предизвика забележителна промена во личноста на поединецот кога таа достигнала зрелост. На пример, авторите објаснуваат дека „лабретите исто така предизвикуваат значителна промена во начинот на кој што го носи зборува, јаде и дише. Така, ова физичко зголемување произведува мултисензорна промена што ја перцепираат и оној што го носи и гледачот“.

Авторите веруваат дека пирсинзите служеле не само за естетски цели, туку имале и општествено значење. Тие веројатно служеле како обред на премин од адолесценцијата до зрелоста.