Лога: До кога Мицкоски ќе ги дефинира политичките чекори на Таравари?


Министерот за правда Кренар Лога (Фото: Б. Грданоски)
Жално е како еден Албанец и еден поранешен партиски лидер, поранешен претседателски кандидат, се движи токму според прирачникот на ВМРО, порача преку соопштение министерот за правда и член на Алијансата за Албанците на Зијадин Села, Кренар Лога.
 
-Благодарение на Бога, на пратениците, членовите и нејзините активисти, боите на Алијансата за Албанците не беа допрени  со активностите на квислингот. Ги повикувам  сите кои беа излажани во првиот дел да го дадат одговорот со гласање ја зајакнување на браната на Европскиот фронт против секоја регресивна и антизападна политика. Колку поголем Фронтот, толку поважни Албанците и нивните сограѓани Турци , Босанци, Роми и Македонци, порачува Лога практично повикувајќи ги поддржувачите на Таравари да се вратат кај матичната партија и да ја гласаат.