Поврзете се со нас

Англија

Фернандеш двоен стрелец, Јунајтед заборави да победува во Премиер лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед ја продолжи лошата резултатска серија во Премиер лигата, односно заборави да победува во ова натпреварување.

„Црвените ѓаволи“ и вечерва не ги освоија трите бода во соочувањето со Борнмут (2-2), а тоа значи дека повеќе од еден месец се без триумф во домашниот шампионат каде пак на последните седум средби само еднаш го има освоено целиот плен и тоа против Евертон на „Олд Трафорд“.

Избраниците на Тен Хаг двапати губеа против Борнмут, но двапати во игра ги враќаше Фернандеш со головите во 31 и 65 минута. Сепак фаворитит немаше сила за трет гол и целосен пресврт и мораше да се задоволи само со бод не им значи многу затоа што остануваат на двоцифрена негатива во однос на петтопласираниот Тотенхем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни