ВИДЕО: Мицкоски пред 7 месеци во студиото на ТВ21 рече дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ќе води со 150 илјади гласови

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На гостување во ТВ21, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на 28. септември во 2023 година кажа дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ќе води со 100-150 илјади разлика пред останатите.

Тогаш Мицкоски во „Клик Плус“ му кажа на водителот на ТВ21, Љубиша Цветкоски.

„Еве, запишете, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на заедничкиот кандидат на СДСМ и ДУИ ќе води со 100 до 150 илјади разлика во првиот круг“, кажа тогаш Мицкоски.

Прогнозите се покажаа како точни, односно разликата изнесува повеќе од 180.000 гласови, а СДСМ освои најмалку гласови од сите претседателски избори досега.