Вести Македонија Топ вести

Ковачевски заминува, СДСМ во јуни ќе бира претседател и раководство

Ковачевски заминува, СДСМ во јуни ќе бира претседател и раководство. Изборите во кои доживеаја катастрофален пораз, причина социјалдемократите да заминат на брзи внатрепартиски избори. Максимата „капетанот останува со бродот кој тоне“ за СДСМ не е прифатлива опција. Ковачевски, реторички го најави напуштањето на претседателската позиција, но изворите од партијата велат дека и де факто ќе се случи, откако наредената недела, извршниот и централниот одбор ќе закажат Конгрес. Првата точка ќе биде анализа на изборниот резултатот, а втората одговорност. Целта е да се констатира престанок на функциите од претседател, па се до први луѓе на општинските организации.

Дел од највисокото раководство уште синоќа го претрка идниот Конгрес, како највисок орган на партијата, и вложија оставки на Фејсбук, почнувајќи од двајцата потпретседатели.

„Прифаќањето на политичка одговорност нема да биде знак на слабост, туку израз на лична и партиска демократска зрелост, како и подготвеност да се промениме и да растеме – и ставаме приоритет на колективниот интерес пред личните амбиции. Да се вратиме повторно меѓу граѓаните, да го слушнеме нивниот пулс и да ги разбереме нивните потреби и да се вратиме на нашите социјалдемократски вредности. Само на овој начин може да дојдеме до нови идеи, пристапи и енергија кои може да ја зајакнат визијата и стратегијата на СДСМ па да се вратиме со крената глава во политичката арена за да ја добиеме битката за европска Македонија – ветување кое го дадовме на граѓаните и кое им должиме да го исполниме“, порача Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ, на Фејсбук.

„Како држава, можеме да продолжиме напред само преку заедништво и добронамерност. Потребни ни се внатрешни и надворешни партнерства, силни институции и интеграција на земјата во ЕУ. Сонот за подобар живот дома, е на сите нас. СДСМ ќе се реформира, затоа што му е неопходна на општеството. Како државотворна партија која секогаш ја негува демократијата, ја гарантира слободата на граѓаните и никогаш не поттикнува меѓуетнички судири, како столбови на нашиот опстој“, напиша Перо Костадинов, потпретседател на СДСМ, на Фејсбук.

И првата жена во партијата признава одговорност. Заминува од форумот на социјалдемократките, но продолжува на пратеничката позиција.

„Затоа денес се повлекувам од мојата функција како Претседателка на форумот на жени на СДСМ, функција која ја извршував чесно, достоинствено и во служба на граѓаните. Но, од моето делување сфатив дека на граѓаните не им се потребни само добри закони, туку и силни реформи! Продолжувам цврсто напред. Нема да дозволам уназадување на социјалната работа и укинување на мерки кои се од полза на граѓаните. Мене ме водат вредности во кои секој заслужува поддршка, можности и напредок, и така ќе делувам од позиција на пратеник“, објави Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ, на Фејсбук.

Но, оставките на социјалните мрежи не се решение за дел од челниците во партијата. Одговорност прифаќаат сите, но потребно е да се помогне на партијата да се подготват органите за избори. И, именуваните функционери го делат истиот заклучок.

Ковачевски, во говорот за крај ги погодил поентите, но задоцнил со тајмингот, коментираат поранешните партиски функционери и актуелни поддржувачи на политиките на СДСМ.

Но, кој ќе трча за местото лидер кај социјалдемократите сè уште нема најави. Оd партијaта брифираат дека секој кој ги исполнува условите ќе може да се кандидираа на изборот кој ќе се организра во рамки на конгресот. Но, најважно за партијата во овој период e да го прочисти членството од оние кои мигрираа во движењето ЗНАМ, па пoтоа Kонгрес. Сепак, можноста некој од досегашните потпретседатели одново да раковди со партијата постојат како можност.

Pavle Belovski

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија освои прво и второ место на Глобалната спортска роботска олимпијада во Грција

Дејан Дејан

Пожарникарите спасиле човек кој паднал во Драгор – можни одрони на патиштата по обилните дождови

Дејан Дејан

Израел извршил нови воздушни напади врз Кан Јунис, Нусејрат и Џабалија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе