logo
logo
logo

Ѕвездата на Марвел уапсена поради напад на жена

Vecer | 26.03.2023

Ѕвездата на Марвел уапсена поради напад на жена

Полицијата во Њујорк објави соопштение во кое се вели дека го привеле Мајорс откако добиле извештај за жена со полесни повреди која била пренесена во болница.

Зборувајќи за Холивуд Репортер, претставникот на актерот рече:

- Тој не направи ништо лошо. Со нетрпение очекуваме да го расчистиме неговото име и оваа ситуација.

Според соопштението на полицијата, властите биле повикани во стан во Њујорк, откако одговориле на повикот во кој маж бил вклучен во семејна расправија со жена. Жената во полиција изјавила дека била нападната и, според соопштението, се здобила со полесни повреди на вратот и главата и била пренесена во болница.

Актерот Џонатан Мејџорс е уапсен откако наводно нападнал жена за време на семејна расправија.

Мејџорс неодамна се појави во Марвеловиот „Ant-Man and the Wasp: Quantumania“ како Канг, и наводно ќе ја повтори својата улога во 2-та сезона на „Loki“, откако прво го имаше своето деби како Канг во првата сезона на серијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk