Луди сцени од Шпанија: Навивачите на Барселона со години не биле во ваква еуфорија (Видео)

Екипата на Барселона вечерва го пречекува ПСЖ на Олимпискиот стадион „Монжуик“, а навивачите на Каталонците имаа целодневна забава и лудо се подготвуваа за мечот. Улиците на главниот град на Каталонија беа обоени во боите на Барселона, а на секој чекор можеше да се види пиротехника.

Ваква еуфорија во Барселона немало со години, но сега имаат гол предност од првиот натпревар во Париз и сите очекуваат да се пласираат во полуфиналето, каде што за противник би го имале подобриот од дуелот помеѓу Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести