Рома се подалеку од ЛШ, Јувентус се специјализираше за нерешени (Видео)

Фудбалерите на Рома не успеаја на домашен терен да го победат Јувентус и се се подалеку од пласман во Лигата на шампионите, барем преку првенството, со оглед на тоа дека имаат предност од само три бода пред Аталанта, која има дури два меча помалку од „волчицата“. Се чини дека шансата за пласман во најелитното клупско натпреварување ќе го бараат преку Лигата на Европа, но и таму ќе имаат ѓаволски тешка работа, бидејќи имаат негатива од 0-2 од првиот меч против Баер Леверкузен.

Домашните дојдоа во водство преку Лукаку во 15-тата минута, но Бремер во 31-вата минута израмни на 1-1, што на крајот се покажа и како конечен резултат на овој натпревар.

- Оглас -

Најнови вести