Звуци од порно-филм го прекинаа пресот на Дончиќ: „Се надевам дека не е во живо…“ (ВИДЕО)

Словенецот Лука Дончиќ со нова феноменална партија од 29 поени, 10 скока и седум асистенции го водеше Далас до победа од 110-119 на гостувањето против Оклахома за израмнување во полуфиналната серија.

Но, по мечот, прес-конференцијата на Дончиќ беше одбележана од еден бизарен момент.

За време на пресот се слушнаа звуци на порнографска содржина, очигледно ненамерно пуштена од мобилниот телефон на еден од новинарите. Лука шокиран ја прекина за момент прес-конференција, за да по неколку секунди се пошегува со присутните…

„Се надевам само дека не е во живо“…

Се вчитува...