Промо тв Серии

ЦРНА СВАДБА

„Црна свадба“ е серија која нуди возбуда, напнатост, мистерија, елементи на хорор, серија која ја натера публиката нетрпеливо да ја очекува следната епизода.

Во мало село во Србија, Митар, човек со мирен и благ карактер, еден ден на брутален начин убива дванаесет соседи. Петар пак, човек од безбедносната агенција го убедува Митар да се предаде, но Митар пред неговите очи пука во својата глава и изустува зборови, кои имаат врска со влашката магија, за која се смета дека е исклучително моќна.

Обидувајќи се да го откријат мотивот за овој масакр, инспекторот Петар и инспекторот Томиќ, ја повикуваат Наташа, реномиран психолог и судски вештак, да утврди дали Митар е психијатриски случај или зад ова злосторство се крие нешто друго.

Серијата „Црна свадба“ е прогласена за една од најгледаните и најинтригантни серии снимена минатата година. Серија која буди многу лични прашања во нас на кои треба да си најдеме одговор.

Носители на главните улоги во оваа серија се Уликс Фехмиу, Јелена Ѓокиќ, Тони Михајловски, Славко Штимац, Никола Којо. Во режија на Немања Ќипраниќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

БАТИСТ- сериски филм – од понеделник до четврток во 22:15

Дејан Дејан

РУДНИЦИ НА СТРАСТА – сериски филм – прва епизода 30.04 во 13:40

Дејан Дејан

НИШТО ВАЖНО – сериски филм – НАСКОРО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе