Двајца фудбалери од ист клуб во Премиерлигата осомничени за силување

by Fokus

Како што пренесува британски „Сан“, двајца неименувани фудбалери од ист клуб во англиската Премиер лига се осомничени дека извршиле силување.

Истиот извор наведува дека се работи за 19-годишни мажи и дека злосторството наводно се случило минатиот викенд.

– Полицијата уапси двајца мажи по пријава за силување. 19-годишен маж е уапсен под сомнение за напад и помагање при силување. Уште еден 19-годишен маж е уапсен под сомнение за силување. Подоцна и двајцата се ослободени со кауција – изјавил за „Сан“ портпаролот на полицијата.

Во меѓувреме се огласија и од клубот:

– Бидејќи сега работата е во рацете на полицијата, фудбалскиот клуб во овој момент нема да дава дополнителни коментари – велат оттаму.

Поврзани новости