Вести Култура

Изложба со тактилни слики за лицата со оштетен вид

12 годишната Брабара Василевска од Битола, која има оштетен вид, е среќна што преку тактилни слики може да добие многу информации за артефактите во битолскиот Завод и Музеј. На мултисензорната изложба „Музеј за сите – сликите можат да се допрат, сликите зборуваат“ во битолскиот Завод и музеј беа презентирани 16 нови предмети од постојаната музејска поставка наменети за лицата со попреченост.

Во Музејот се чувствувам како дома, редовен сум посетител на оваа институција и сум учествувала во многу работилници. Истовремено сум благодарна на оваа институција бидејќи ова е Музеј за сите, рече барбара.

И Филип Наумовски, од Центарот за деца со оштетен слух и говор „Кочо Рацин“ од Битола, во негово и во име на неговите  соученици на знаковен јазик се заблагодари на музејот.

од името на сите ученици сакам да се заблагодарам за пристапноста што ни ја овозможивте, ова културно наследство да стигне до нас, рече Наумоски.

Слепите лица сега можат со допир на макетата од Хераклеја, да направат прошетка низ античкиот локалитет, но и да добијат повеќе информации за артефактите во музејот.

Овие тактилни слики покрај Брајовото писмо, содржат и НФЦ тагови кои кога ќе се скенираат со мобилен телефон се добива аудиоматеријал за делото, а се прикажува и видео на знаковен јазик.

Овие тагови ги детектира телефонот и го активираат аудио записот за предметот, и видеото на знаковен јазик. Всушност тоа е врска до информацијата на Јутјуб, местото каде се поставени аудио приказните и видеата на знаковен јазик, вели Ирена Ружин од Завод и Мзуеј Битола. 

Со најновите тактилни слики, речиси стотина предмети од постојаната поставка на битолскиот Завод и Музеј стануваат достапни за лицата со попреченост.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тодоров: СДСМ покажаа епохална неспособност за нормално функционирање на државата

Дејан Дејан

ОДИХР со позитивна оценка за изборниот процес сепак имаат забелешки за негативната кампања

Дејан Дејан

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе