ОВАА РУСОКОСА Е ПРАВУКАТА НА ТИТО: Се откажала од презимето, еве што прави денес и кој и е татко (ФОТО)

Правнуката на поранешниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито и ќерката на режисерот Саша Броз, Сара Хас, е успешна сценографка. Таа заедно со нејзината мајка работела на претставата „Случајна средба во продавница за возрасни“, а татко и е исто така од светот на уметноста.

Имено, тоа е актерот Ранко Зидариќ , кого многумина го сакаа во серијата „Наша мала клиника“.

Јосип Броз Тито

Она што ги изненади сите е тоа што Сара го смени презимето и го зеде презимето на нејзината прабаба Херта Хас, за што и јавно проговори.

– Презимето не го зедов од прабаба ми само од почит кон неа, туку од почит кон двајца во семејството за кои знам дека им е исклучително драго што барем некој се уште го носи презимето Хас. Менувањето на презимето не е голема промена за мене, бидејќи за сите секогаш сум Сара, на крајот на краиштата, не е тешко да се открие која сум“, изјавила таа за Јутарњи лист пред неколку години.

– Пред две години рече дека сака да се ослободи од товарот од моето и презимето на Ранко и дека решила да го земе презимето на баба и, Хас. Јас и Ранко знаеме што значи да се носи товарот на познато презиме, татко му е актерот Крешимир Зидариќ. Ја поддржавме затоа што чувствувавме дека ѝ дојде природно и дека има смисла – изјавила Саша Броз за Вечерњи лист.