Ковачевски: За 7 години СДСМ направи многу добри работи но имавме и грешки кои ќе бидат исправени

Седум години не е краток период колку што СДСМ е на власт, во текот на тие години направени се голем број добри работи, ги зголемивме пензиите, платите, ги зголемивме субвенциите, воведовме реформирана систем на субвенционирање во земјоделството, но имавме и грешки за кои сме свесни и кои ќе бидат исправени, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интревју за Слободен печат.
-Ги зголемивме платите и пензиите. Воведовме нова методологија за постојан раст на платите и пензиите, за прв пат воведовме субвенции за македонски компании, порано тие добиваа 0 денари за инвестициските циклуси. Тоа денес е на ниво од 100 милиони евра. Го дуплиравме нивото на странски директни инвестииции, од 300 милиони до 2016 сега на годишно ниво имаме 780 милиони евра, рече Ковачевски.
Во тие 7 години беа направени и грешки, СДСМ ги учи лекциите и грешките ќе бидат исправени, потенцираше Ковачевски.
-Беа направени и грешки, јас тоа го кажувам тие грешки се однесуваа на дел кадровска политика. Сметам дека на одреден број места не беа поставувани луѓе кои што чиј капацитет знаење и способности соодветствуваат на очекувањта на граѓаните. И тоа е нешто што сигурно ќе го поправиме. Затоа велам дека СДСМ ги учи лекциите како што и секој тоа треба да го прави, ние ќе настапами на изборите со една навистина позитивна кампања, во кој а ќе рикажаме што сме направиме, што планираме да правиме во понатамошниот развој на државата И секако грешки што беа направени, ќе бидат исправени во наредниот период, дециден беше Ковачевски.
Но, едно знам а тоа е дека одлуките кои ги донесовме беа вистинските и правилните одлуки за државата, рече претседателот на СДСМ.
-Обезбедивме членство во НАТО и по 17 години обезбедивме почеток на преговорите со ЕУ. ТОа од друга страна обезбедува подобра соработка со ЕУ, со европските институции, обезбедува поголема финансиска помош и поддршка од страна на Европската комисија. Македонија има најголемо ниво на ИПАРД средства за земјоделството во споредба со сите други земји во регионот. Голем број на инвестициски проекти се поддржани од ИПА фондовите и приближувањето кон ЕУ значи подобрување и на инфраструктурата и секако на сите други процеси. Оддалечувањето како што тоа ДПМНЕ го нуди преку нивниот некаков алтернативен пристап значи и уназадување на демократијата и на економоијата и на сите процеси, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интревјуто за Слободен печат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e