Приватните превозници, кои беа дел од јавниот автобуски превоз во Скопје, утре од 6 часот наутро најавија дека ќе блокираат три крстосници во главниот град, откако досега не е постигнат договор. Тие бараат да им се исплати долгот од 1,3 милиони евра, што, како што велат, им го должи Јавното сообраќајно претпријатие, односно Град Скопје. Од „Слобода превоз“ велат дека ќе протестираат се додека не се постигне договор и најавуваат дека во текот на ...

Приватните превозници, кои беа дел од јавниот автобуски превоз во Скопје, од 6 часот изутрината блокираат три крстосници во главниот град. Автобусите на приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ повторно се поставени на неколку крстосници, а возачите почнаа со протести и велат дека блокадите нема да ги тргнат се до исполнување на нивните барања. Утрово посебен режим на сообраќај е воспоставен на булеварот „Илинден“ во делот околу ...