Густо во врвот од Првата лига, кој ќе биде шампион на Македонија?

ФОТО: Телевизија М Нет

На три кола до крајот тесна и израмнета трка на трите водечки екипи кога е во прашање титулата во Првата лига, но и излезот во Европа.

Шкендија е на врвот со 58 бодови, колку што имаат и Струга која е втора и Шкупи кој е трет.

Овие три екипи до крајот ќе се борат за титулата, но и за обезбедувањето на визата за излез во Европа.

Во следното коло ќе се одигра директната дерби пресметка на Чаир меѓу Шкупи и Шкендија, а пак Струга дома ќе игра со Гостивар.

Во рамки на 32. коло се игра ново дерби во Тетово, Шкендија ќе биде домаќин на Струга, а пак Шкупи ќе биде домаќин на Брера Струмица.

Во последното коло Шкендија ќе гостува кај Работнички, а пак Струга дома ќе игра против Шкупи.

Трите кола до крајот ни носат директни дерби пресметки меѓу трите екипи кои ќе се борат за титулата. Повеќе од неизвесна и израмнета трка до самиот финишот од сезоната. Една екипа од овие три на 19. мај ќе се радува на титулата и на излезот во Европа, а една само на визата за Европа, додека пак третата екипа ќе остани со празни раце или пак ако е за утеха сезоната ја завршила на високото трето место.

Александар Ванев, М-Нет