ФК Беласица за првпат во историјата доби потпретседател жена

Второлигашот Беласица од Струмица во пресрет на пролетниот дел од сезоната бележи промени во управата на клубот.

И тоа не било какви, туку на една од најважните позиции седнува жена.

-Со одлука на одборот на ФК Беласица за потпретседател на истоимениот градски фудбалски клуб од денес именувана е Тања Милушева жена од бизнис секторот која што е со силни амбиции ФК Беласица повторно да се врати на врвот во македонскиот фудбал.

За прв пат во македонскиот фудбал Струмица добива жена потпретседател која има земено учество во повеќе хуманитарни акции за социално ранливи категории и донации на медицинска опрема за струмичката болница, порачаа од клубот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО