Изборниот процес во Штип се одвива непречено без никакви проблеми

Денеска на териоторијата на државата во тек се вториот круг на претседателските и парламентарните избори. Во Општина Штип на гласачкото место 2275 право а глас оставариле 50 граѓани од предвидени 762 во периодот до 9 часот. Претседателската посочи дека гласачкото место е отворено навреме, и гласачкиот процес се одвива без никакви проблеми.

„Навремено беше отворено гласачкото место, немаавме проблеми при отворањето. Исто така од утринава без проблем си тече гласањето. 762 граѓани треба да гласаат на гласачкото место 2275. Имаме гласано некаде околу 50 граѓани од утринава. Да во попладнвените часови секогаш излезеноста е поголема во однос на утринските“ изјави Панова

На гласачкото место 2277 излезноста е нешто помала за разлика од гласачкото место 2275. Од таму претседателката посочи дека право на глас можат да остварат 476 гласачи. Никави проблеми не се забележани со уредот убикѝ

„Навреме, во 7:00 без никакви проблеми. 476 гласачи, досега 11. Во текот на денот да попладне. Во ред е нема никакви проблеми со него“ посочи Стоилкова

На гласачкото место 2280/7 право на глас имаат 492 гласачи а од нив до 9 часот право на глас оствариле 22 гласачи. Со убик апартот нема никакви проблеми и се се одвива според правилата и прописите посочи претседателката Билјана Коцева

„Да, гласачкото место беше навремено отворено, без ниаккви проблеми. На ова гласачко место треба да гласаат 492 гласачи. Досега излезнсота е 22 гласачи. Да со апаратот убик досега немаме проблеми„ изјави Коцева

Во текот на денот се очекува изборниот процес да помине мирно, фер без никакви проблеми и со поголема излезност.

Лаура Стојанова М-Нет