Одредени двојките за полуфиналето на ракометниот куп на Македонија, ќе биде интересно

Денеска во просториите на РФМ со ждрепка беа одредени полуфиналните двојки за ракометниот Куп на Македонија, а во машка конкуренција паровите се Алкалоид – Вардар 1961 и ГРК Тиквеш – Еурофарм Пелистер.

Бранител на трофејот е Вардар, а и годинава се очекува интересна борба. Завршницата ќе се одржи од 17 до 19 мај во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Истиот викенд се игра и фајналфорот во женскиот куп. Двојките за полуфиналето се Куманово – Ѓорче Шетров и Вардар – Чаир.

- Оглас -

Најнови вести