СВЕТОТ ИМА УШТЕ МНОГУ ЕКОНОМСКИ ПРОБЛЕМИ И ПРИЧИНИ ЗА ЗАГРИЖЕНОСТ

ММФ ПРЕДУПРЕДУВА:

24

„Светот има уште многу причини за загриженост“, изјави шефицата на Меѓународниот монетарен фонд во четвртокот, вклучително и тврдоглавата инфлација и порастот на нивоата на државниот долг. На пролетниот состанок на ММФ и нејзината сестринска организација, Светска банка, Кристалина Георгиева, директорка на ММФ. Според неа светската економија се покажала изненадувачки отпорна наспроти повисоките каматни стапки и шокот од војната во Украина и Газа, но и дека и натаму има проблеми во светската економија.

-Инфлацијата е намалена, но не исчезна, вели Георгиева и појаснува дека има и негативности наспроти неочекувано силниот економски раст, бидејќи изгледа дека е потребно е подолго од очекуваното за да се намали инфлацијата.

Војната на Русија со Украина ги поттикнува геополитичките тензии и ги оштетува изгледите за закрепнување на глобалната економија, предупреди шефот на Меѓународниот монетарен фонд.