Пелистер против Победа, Тетекс против Охрид, Осогово гостување кај Арсими

ФОТО: Телевизија М Нет

Овој викенд на програмата се натпреварите од претпоследното 29. коло од Втората македонска фудбалска лига, а во рамки на оваа рунда се играат неколку клучни натпревари кога е во прашање опстанокот.

Осогово оди на многу тешко гостување во Голема Речица кај Арсими, Тетекс против Охрид на домашен терен нема право на грешка за трите бодови, Саса ќе гостува во Струга кај Караорман кој веќе испадна во Трета лига – Југозапад, а пак Победа ќе бара барем бод во пелагониското дерби против новиот прволигаш Пелистер во Битола.

Шампион Беса на домашен терен го игра последниот меч против Башкими од Куманово, на „Железарница“ соочување на екс прволигаште Скопје и Беласица, Кожуф ќе го пречека Детонит Плачковица, а пак во Неготино силите ќе ги одмерат Вардар и Новаци.

Сите натпревари од оваа коло ќе стартуваат во 17 часот.

Александар Ванев, М-Нет