Поврзете се со нас

Франција

Макрон: Се сретнав со таткото на Мбапе и го добив одговорот што го сакав

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_English

Емануел Макрон е одговорен за носење на најважните одлуки на политички план во Франција, но доста често знае да се меша и во теми кои не треба да го засегаат, а тука пред се се мисли на спортските настани.

Францускиот претседател изврши голем притисок за останување на Килијан Мбапе во ПСЖ и тоа го откри самиот фудбалер по потпишувањето на договорот, но сега кога се укажува на негово заминување во Реал Мадрид, Макрон повторно има интересно барање до францускиот капитен.

Макрон е свесен за политиката на Реал Мадрид кој не ослободува свои играчи за Олимписките игри, но бидјеќи Олимпијадата оваа година е во Париз, францускиот претседател веќе почна со своја кампања за да го добие тоа што го посакува.

– Сите француски клубови ни излегоа во пресрет и им дозволија на своите играчи да бидат дел од Олимпијадата. Се надевам дека тоа ќе го направам и странските клубови, така ќе се збогати олимпискиот дух.

– Минатата недела се сретнав со таткото на Мбапе и го добив одговорот што го сакав. Го прашав дали Килијан ќе игра на Олимпијадата, а тој ми одговори дека неговиот син сака да биде дел од настанот, – открива францускиот мандатар во интервјуто за „La Tribune Dimanche“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни