Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: уапсено лицето кое избега од Психијатриска болница Демир Хисар и со огнено оружје пукал кон вработена во ЦСР

На 24.03.2025 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода 50 годишник од Прилеп затоа што претходно во просториите на Јавната установа – Центар за социјални работи Прилеп од огнено оружје пукал кон вработената на возраст од 37 години од Прилеп и и нанел повреди. Вработената била пренесена во Градска болница Прилеп каде и биле  констатирани тешки телесни повреди. По документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Имено, во врска со настанот, на 21.03.2025 во 20.30 часот во ОВР Демир Хисар, од Јавната здравствена установа – Психијатриска болница Демир Хисар  било пријавено дека од болницата избегал пациент на возраст од 50 години.

Полициски службеници од ОВР Демир Хисар во текот на вчерашниот ден извршија проверки во Психијатриската болница Демир Хисар и на разговор биле повикани повеќе лица. Исто така, се вршат проверки како пациентот успеал да избега при транспортот од психијатриската болница до Основен суд Прилеп и на кој начин дошол до оружјето.

More from ВестиMore posts in Вести »