Му даде гол на Ливерпул, сега е пред трансфер во Манчестер Јунајтед

Џарад Брантвејт ги живее најубавите моменти во кариерата откако 21-годишниот дефанзивец постигна клучен гол за Евертон во градското дерби против Ливерпул, а големиот талент сега се наоѓа пред мегатрансфер во редовите на Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ подготвуваат ремонт во играчкиот кадар во текот на летово, Рафаел Варан е еден од фудбалерите кои први ќе си заминат од „Олд Трафорд“, а желба на новата управа е на местото на францускиот ветеран да пристигне токму Брантвејт. Скаутите на Јунајтед речиси цела сезона ги следат настапите на овој фудбалер, кој оставил извонреден впечаток и веќе е дадено зелено светло за да се испрати и официјална понуда.

Евертон бара 60 милиони фунти за големиот талент, но во прилог на Јунајтед се и финансиските проблеми на „карамелите“. Овој тим поради дупката во буџетот и финансискиот ферплеј ќе мора да продава до крајот на сезоната (30 јуни), па „црвените ѓаволи“ се оптимисти дека и понуда од 50 милиони ќе биде доволна за да се добие зелено светло и Брантвејт да стане прво летно засилување на Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...