Во Кавадарци започна изградба на фонтана во чест на Сашко Гешовски, првата жртва од Македонија во војната во Југославија (ФОТО)

Започна изградбата на фонтаната во спомен на Сашко Гешовски, на кружниот тек кој го доби неговото име – информира градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.

-Идејното решение се состои од централна кружна фонтана со висок млаз вода и две полукружни фонтани кои се изработени од темен материјал кој ја обиколуваат централната фонтана, материјалите се модерни, лесни за одржување и долготрајни. Изведувач на проектот е ОЈА ДООЕЛ, а финансиската конструкција е во висина од 2.700.000,00 денари – пишува во објавата Јанчев.

Сашо Гешовски (Кавадарци, 31 октомври 1971 – Сплит, Хрватска, 6 мај 1991) е првата жртва од Македонија во воените конфликти кои избија во 1991 година во СФРЈ. Тој бил застрелан на 6 мај додека чувал стража во касарната во Сплит за време на демонстрациите на поддржувачите на независноста на Хрватска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.