logo
logo
logo

Се очекува СДСМ да го прогласи за успешен

Пропадна референдумот во Берлин

Vecer | 26.03.2023

Пропадна референдумот во Берлин

Референдумот за мерките за борба против климатските промени, што се одржа денеска во Берлин, пропадна бидејќи не излегоа доволно гласачи.

По преброените околу 98 отсто од гласовите, поддржувачите на предлогот само малку предничеа пред противниците за ваквата измена на законот, односно 423.000 гласаа за, а околу 405.000 беа против, се вели во соопштението на градската изборна управа.

Сепак, тој резултат исполни само еден услов за успешен предлог. Вториот услов, кворум од најмалку 25 отсто од сите граѓани со право на глас, не беше исполнет, објави АП.

За успешен референдум би биле потребни околу 608.000 гласови за предлогот.

На референдумот се одлучија за мерките кои бараат Берлин да стане климатски неутрален до 2030 година, што би значело дека за помалку од осум години градот повеќе нема да смее да придонесува за глобалното затоплување.

Постојниот закон одредува рок за постигнување на таа цел до 2045 година, што е и национална цел на Германија.

Групата од грасрут зад предлогот тврдеше дека сегашната цел на Берлин е неконзистентна со Парискиот климатски договор од 2015 година, кој има за цел да го ограничи глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови во споредба со прединдустрискиот просек.

Десничарската Христијанско-демократска унија, која победи на неодамнешните локални избори во главниот град и најверојатно ќе ја предводи својата нова влада, се спротивстави на претходната цел.

https://vecer.mk/uncategorized/%D0%BE%D1%84%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%BE-%D0%BE%D0%B1%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%BE-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BB%D1%83%D0%B6%D0%B1%D0%B5%D0%BD-%D0%B2%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk