Дождот направи потоп во Барселона, но Барса и Валенсија ќе играат (Видео)

Екстремно силен дожд врне во Барселона, а дополнителен проблем прави и силниот ветер, но сепак нема одложување на средбата помеѓу Барса и Валенсија, која треба да почне во 21 часот на Олимпискиот стадион „Монжуик“.

Се очекува рекородно слаба посета за еден домашен меч на Барселона сезонава.

Дренажата на теренот е одлична, теренот не е поплавен, па Каталонците и Лилјаците ќе имаат прилично нормални услови за игра.

Поголем проблем ќе имаат новинарите. Има навлезено вода во новинарската ложа и таму нема услови за работа.

Погледнете со какви проблеми се соочуваат новинарите кои треба да известуваат од стадионот во Барселона:

- Оглас -

Најнови вести