Кралот Чарлс за прв пат во јавност по лажните тврдења дека умрел

Руските медиуми тврдеа дека кралот Чарлс е мртов, но тој денеска се појави во јавноста.

Папараците го фотографираа додека го напушташе Виндзор, како седи на задното седиште од својот автомобил, пишува „Daily Mail“.

Во написите се потсетува дека руските медиуми претходно објавија дека кралот починал на 75-годишна возраст, како последица на компликации од рак.

Медиумите се повикуваат на неименувани „медиумски извори“ во необјаснива серија на објави.

Сето ова, како што пренесува медиумот, се случи откако на социјалните мрежи кружеше слика од лажна изјава од Бакингемската палата за „неочекуваната смрт“ на монархот.

Scroll to Top