Светски шампион се сели во Барселона бесплатно

Пред самиот крај на сезоната во која Барселона нема да се радува на трофеј каталонскиот тим веќе го договори првиот летен трансфер. Станува збор за Гуидо Родригез, 30-годишниот Аргентинец кој го освои Светското првенство во 2022 година.

Родригез е фудбалер на Реал Бетис, но само до крајот на месец јуни кога истекува неговиот договор. Шпанскиот клуб изрази желба за продолжување на соработката, но не и Аргентинецот кој според тамошнтие медиуми веќе има постигнат договор за премин во Барселона како слободен играч.

Трансфермаркт го вреднува играчот од средниот ред кој во минатото настапуваше и за Ривер Плејт, Тихуана и Америка на 24 милиони евра.

Се вчитува...