Големата дилема за синиот картон: Што ако го добие еден голман?

ФИФА веќе најавија дека она што се шпекулираше со воведување на син картон во фудбалот, нема да се воведе сигурно.

Синиот картон би се доделувал на фудбалерите по тешки и намерни стартови, кои не се за изразен црвен картон, па околу таа ситуација има една друга полемика.

Прекршоците како намерно запирање на контрите, но и жестоки приговори кон судиите, би требало да бидат санкционирани со син картон, по што судијата ќе им го покажува патот на играчите кон клупата на десет минути.

Но се поставува прашањето, што ако еден голман добие син картон? Што во тој случај?!

Како што пренесува британскиот таблоид Телеграф, доколку голманот добие син картон, тренерот ќе може за време на неговата казна, на гол да користи еден од фудбалерите кои се веќе во игра или да направи трајна измена.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО