Вести Култура

Како да се зголеми присуството на македонската литература во странство

Вил Фирт кој живее и твори во Берлин, во моментов е посветен на англискиот превод на романот „Небеска Тимјановна“ на истакнатиот македонски писател Петре М. Андреевски. Самиот процес на превод е исклучително важна и одговорна дејност, воспоставување мост меѓу две различни култури. За жал, вели Фирт, во Македонија не постои стратегија на институционално ниво која би го реализирала тој процес за да се зголеми присуството на македонската литература во странство, доколку се има предвид дека тоа е значајна културна област за високите уметнички вредности на една држава и соработката со европските земји.

Најчесто нема агент за преводи од македонски јазик, многу е тешко да се најде издавач, а тогаш ги имаме и тие познати проблеми со пари, дека хонорарите не се доволни итн. Има цел сплет на проблеми. Мислам дека создавање на Агенција за книга по урнек на словенечката Агенција за книга би било навистина важен чекор, вели преведувачот Вил Фирт.

Моделот и начинот на кој функционира самата Агенција за книга во Словенија е успешен модел во регионот, кој би требало да биде применет и кај нас, смета Трајковски.

Кога некој издавач од странство би се заинтересирал за превод на наше дело, тука има премногу фактори кои што влијаат на тоа тој да се одлучи дали да се впушти во една таква авантура или не.  И тие фактори се навистина многубројни, вели Трајковски.

Според истражувањата во студијата за македонската литература во превод во периодот меѓу 2015 и 2020- та година, чиј автор е Роберт Алаѓозовски,  во земјава нема ниту еден професионален книжевен агент. Не постои ниту едно вработување со тој профил и она што би требало да биде агенциска работа ја вршат сите учесници во преводниот систем.

Агенцијата би требало да биде една платформа за многу сложени активности и во таа смисла агенцијата би требало да биде она што е Нетфликс за современата медиумска култура. Од една страна треба да се фокусира на добри преведувачи, меѓутоа да внимава на авторите и на нивниот авторски труд, добро познавање на меѓународната сцена, да изгради профил на книжевни агенти, вели Алаѓозовски.

Во меѓувреме како што спомена и Фросина Пармаковска, добитничка на наградата „Роман на годината“, современите македонски писатели најчесто требa да добијат книжевна награда и меѓународно признание за да го разбудат интересот на странските преведувачи за нивното творештво.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе