еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонскиот разузнавач Грујевски кој беше уапсен во Хрватска останал без пасош

Македонскиот разузнавач Горан Грујевски, поранешен началник на Петта управа при Министерството за внатрешни работи, кој деновиве беше уапсен, па ослободен во Хрватска, останал без пасош, објави телевизијата Сител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Загреб уапсен, па ослободен разузнавачот Горан Грујевски

Како што објави телевизијата тој неможе да ја напушти Хрватска, откако тамошните власти му го одзеле пасошот.

Тој беше ослободен, бидејќи имал азил во Грција, каде беше уапсен по бегството од Македонија, откако поранешното Специјално јавно обвинителство го обвини во три случаи, меѓу кои и за масовното прислушување или предметот познат како „Таргет-Тврдина“.

Според телевизијата, Хрватска од Македонија ќе бара документација зошто Грујевски се бара со меѓународна потерница.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казни од 500 до 10.000 евра за нечесните трговци: Владата го усвои новиот закон за заштита на потрошувачите

Редакција

Заев: Најдобро би било да поминат изборите во Бугарија, па да се решава проблемот

Редакција

Маж од струмичко почина од Ковид-19

Редакција