САД убија висок функционер на Исламската држава во Сомалија

од Radmila Tasevska

Американските сили за специјални операции убиле висок функционер на Исламската држава и уште 10 терористички оперативци во северна Сомалија, соопшти администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден.

Цел на операцијата бил Билал ал-Судани, клучен финансиски посредник на Исламската држава, пренесува АП.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин најави дека САД и нивните партнери се побезбедни по оваа акција, што, како што нагласи, ја одразува цврстата посветеност на САД да ги заштитат Американците од заканата од тероризам дома и во странство.

Бајден минатата недела беше информиран за планираната мисија, која беше организирана по повеќемесечно планирање, и даде конечно одобрение операцијата да продолжи оваа недела, по препорака на Остин и на претседателот на Здружениот Генералштаб на САД, генерал Марк. Мили, изјавија за новинарите двајца неименувани високи функционери на Бајден.

Ал Судани, чии движења со години ги надгледуваа претставници на американските разузнавачки служби, одигра клучна улога во помагањето во финансирањето на операциите на Исламската држава во Африка, како и на терористичкиот огранок на Исламската држава што дејствува во Авганистан, рече Остин.

Министерството за финансии на САД минатата година соопшти дека Ал Судани тесно соработувал со друг оперативец на Исламската држава, Абдел Хусеин Абадиг, кој регрутирал млади луѓе во Јужна Африка и ги испраќал во камп за обука за оружје.

Слични содржини