ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Полет – Тетово“ претворено во автобуски гробишта

„Полет – Тетово“ претворено во автобуски гробишта

Еднаш беше една од фирмите што организираше јавен превоз низ Полог, градското авто-транспортно претпријатие „Полет“. Денеска, по стечајот на компанијата, има само масовни гробишта од автобуси и нечистотија, иако се наоѓа среде градот Тетово. Повеќе од една деценија никој не се грижи за ова место да го отстрани отпад и да се обезбеди почиста средина.

Контактиравме со сопствениците кои го приватизираа местото, да прашаме зошто оваа нечистотија е оставена среде градот. Објаснија дека самите, иако се сопственици на местото, не смеат да ги отстранат автобусите и другата нечистотија бидејќи тоа било надлежност на општината.

„Неколку пати од 2011 до 2021 година, веројатно двапати годишно, поднесував барање да дојдат да ги отстранат автобусите бидејќи гледате колку е алармантна состојбата со екологијата. Баравме неколку пати и во времето на пандемијата, но не дојдоа“, рече Реџеп Алија, Сопственик на имотот.

Во општина Тетово ни рекоа дека ова место наскоро ќе биде исчистено од старите автобуси, откако предметот целосно ќе биде разгледан. Увид направил и инспекторатот за екологија, од каде исто така побарале местото да се исчисти.

„Во рок од една година имавме два пара избори и нереди и не успеавме да го завршиме процесот на преместување, односно отстранување на автобусите на Полет. Претпријатието е приватизирано од 2011 година. Ќе го преиспитаме предметот до последен детал и во прва прилика ќе распишеме јавен повик за да ги отстраниме остатоците“, изјави Бесар Дурмиши, претседател на советот на општина Тетово.

„Во секој случај мора да се исчисти просторот, бидејќи автобусите не се во возна состојба, да се отстранат од фирми што се занимаваат со старо железо, а маслото што е таму да се отстрани и да се испратени до компаниите кои се занимаваат со отпадно масло“, нагласи Томислав Јоргушевски, инспектор за екологија на општина Тетово.

Инаку, во 2006 година и покрај тогашната набавка на 11 нови автобуси од Норвешка, „Полет“ од Тетово отиде во стечај. Возилата останаа да скапуваат./Alsat.mk

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button