Поврзете се со нас

АБА лига

Пелистер ја надигра Горица во последниот меч на турнирот во Сараево

Објавено

на

Кошаркарите на Пелистер со триумф над Горица од 100-91 го завршија турнирот во Сараево во АБА2 лигата.

Ова за македонскиот претставник беше четврто сезонско славје, а до истото дојде со поквалитетна игра во вторите 20 минути. Горица замина со предност од четири поени на пауза (54-50), меѓутоа по одморот избраниците на Илиевски беа тие кои беа подобри во двата правци на теренот и со тоа си овозможија триумф со кој остануваат меѓу најдобрите тимови во досегашниот дел од кампањата.

Хаџифезовиќ и Карутерс постигнаа по 24 поени, додека Караџовски уфрли 22 кошеви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни