Јувентус со нов договор за својот талент

Јувентус има намера да го задржи својот талент Кенан Јилдиз, и да му понуди нов договор. Според информациите, новата соработка на Јилдиз ќе биде до 2028 година, и наскоро треба да бидат објавени сите детали.

Сегашниот договор на 18-годишниот Јилдиз е до 2027 година, а Јувентус сака да му го продолжи на уште една година.

Јилдиз во минатото беше дел од Баерн Минхен, а во Јувентус дојде во 2022 година. Сезонава го привлече вниманието кон себе со настапите во Серија „А“. Одигра 22 натпревари и постигна еден гол, додека во Купот на три меча постигна два гола.

Јилдиз е роден во Германија, но игра за Турција за која има пет настапи и еден постигнат гол.

Се вчитува...