Сем Алтман создавачот на ChatGPT остана без работа – на негово место е Мира Мурати, со потекло од Влора (Албанија)!

Сем Алтман – основачот на OpenAI, компанијата која го направи ChatGPT остана без работа! Како се случи основачот на една од најбитните компании на денешнината да биде избркан? Вистината е дека никој не знае со сигурност. Ова е тоа што го знаеме до сега.

Open AI сагата е рамна на турска серија снимена во Силиконската долина.

  • Прво Сем Алтман бил отпуштен од Open AI и подоцна тоа го потврдил на Твитер.
  • На негово место привремено била поставена Мира Мурати, инженерка и бизнис менаџерка со потекло од Албанија, која работела на развојот на ChatGPT од 2018 година.
  • Грег Брокман, коосновач на компанијата, револтиран од отпуштањето на Сем, потоа поднел оставка.
  • Подоцна оставка поднеле уште тројца високи истражувачи на Open AI.
  • Мајкрософт (како најголем финансиер на OpenAI) бил збунет од настаните.
  • Илја Сутскевер наводно стоел зад заговорот против Сем Алтман.
  • Компанијата сега се обидува да го врати Сем Алтман како извршен директор.
  • Причините за промената на лидерството во Open AI се нејасни, а шпекулациите се натрупуваат.
  • Дали Илон Маск со неговата x.ai веќе грокта од смеење и си ги трие рацете?
Видете го нашиот инфографик во поголема резолуција

Следиме со нетрпение и се прашуваме колку ова ќе се одрази на иднината на OpenAI, ChatGPT и нивните напори за создавање општа вештачка интелигенција (AGI – Artificial general intelligence).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *