Скопје

Малолетник во болница: бозел четирицикл во скопско Глумово

На 27.04.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Глумово, скопско кон с.Сарај, скопско, четирицикл со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Глумово, паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Скопје, а возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На почеток