Oд средината на следната седмица ќе има услови за краткотраен локален дожд
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови.
Во Скопје сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Продолжува периодот на сончево и топло време со појава на повремена умерена облачност. Утре на повеќе места ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Oд средината на следната седмица ќе има услови за краткотраен локален дожд.