Honor тивко го претстави првиот модел од серијата Honor 200.

Станува збор за Honor 200 Lite, кој веќе е достапен за претходна нарачка во Франција, а судејќи според моменталните слики, ќе има рамни страни и рамен екран.

Исто така, има и предна камера поставена во форма на „пилула“, додека одзади има три камери, сместени во горниот лев агол.

Овој телефон ќе има 6,7-инчен fullHD+ AMOLED екран, а во неговото „срце“ ќе биде чипсетот MediaTek Dimensity 6080, заедно со 8 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија.

Главната камера од 108 MP е дополнета со ултра широка камера од 5 MP и макро од 2 MP. Селфи камерата е 50MP, а воедно се користи и за скенирање на лицето.

Скенерот за отпечатоци е вграден во копчето за заклучување, а телефонот работи со помош на батерија од 4.500 mAh, додека е поддржано полнење од 35V. Андроид 14 со оперативен систем MagicOS 8.0 е инсталиран претходно.