Рецепт за здрава пица: Неодоливо потсетува на вистинската

12 април, 20240
62793717-proteinska-pizza

Без разлика дали внимаваме на исхраната или не, секогаш можеме да се почестиме со пица. Сепак, не би било најздраво за нашиот организам често да го јаде омилениот италијански деликатес, барем во класичната верзија.

Затоа , имаме рецепт за поздрава варијанта која едвај се разликува од класичната, се прави многу побрзо, а тајната е во тестото кое ќе ве воодушеви уште од првиот залак.

Протеинска пица – состојки:

За две класични пици

Тесто:

300 гр брашно од спелта
500 гр skyr јогурт
половина кесичка прашок за пециво
сол по желба

Полнење:

200 мл домашни пасирани домати
300 гр посна мисирка или пилешка шунка
100 гр рендана гауда
100 гр моцарела
оригано

Протеинска пица – подготовка:

Во длабок сад ставете го брашното од спелта, протеинскиот скир јогурт, прашокот за пециво и солта. Замесете мазно тесто. Текстурата треба да биде мека, но не и леплива. По неколку минути ќе имате прекрасно тесто кое лесно се расукува.
Поделете го тестото на два еднакви дела. Секој дел развлечете го тенко и ставете го во плех обложен со хартија за печење.
Одозгора се става фил по желба. Во оваа рецепта се користат, посна мисиркина шунка и два вида сирење, а на крајот се посипува со оригано.
Печете ги пиците во рерна загреана на 200 степени околу 15 минути.

Совет:

Наместо спелта брашно, можете да користите интегрално брашно, а наместо скир, грчки јогурт, постапката е иста. На ова тесто можете да додадете и каков било фил – зеленчук, домашна колбасица, а можете да направите и бела варијанта со подлога од намаз од сирење и коцки пилешко.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi