Со партија од 3,5 илјади членови, освоивме над 80 илјади гласови, порача Димитриевски

од Nikola Popovski

Претседателскиот кандидат, Максим Димитриевски се заблагодари за поддршката во првиот круг и освоените гласови. Порача дека иако кампањата не беше еднаква кон сите, се слушнал гласот на народот и се заблагодари на противкандидатите.

Дециден е дека неговата цел ќе биде Македонија да биде во ЕУ и рамо до рамо со пријателите во светот.

-Вечерва освоивме повеќе од 80 илјади гласови. Се етаблиравме на трето место во политичкиот блок. Тоа е одличен резултат за понатамошна борба. Не се сеќавам на други вакви примери, да имате партија со 3,5 илјади членови, а да освоите над 80 илјади гласови. Горд сум на секој глас за нас, рече лидерот на ЗНАМ, додавајќи дека „десницата доживеа пораз во бастионот на асномска Македонија, а тоа е Куманово“.

Градоначалникот на Куманово му упати порака на кандидатот на СДСМ и актуелен шеф на државата, Стево Пендаровски:

-Почитуван мој претседателе, гледате и самите дека разликата е огромна. Доколку сакате да опстане централната и левата идеја во државата, откажете се од оваа битка и оставете не да победиме во името на граѓаните во вториот круг, кажа Димитриевски.

Слични содржини