🎥Објавена листа на најопасните градови на Балканот, Скопје на прво место!

од Nikola Popovski

Неодамна објавеното видео за „10-те најопасни градови на Балканот“ предизвика големо внимание кај луѓето ширум регионот. Профилот на ТикТок „Globalfactshub“ е профил кој се занимава со различни факти на широк спектар на теми. Иако не е јасно од каде ги собираат своите информации, наведуваат дека се добро истражени. Според објавеното, Скопје е најопасен град на Балканскиот полуостров.

@global_facts_hub

The Top 10 most dangerous cities in the Balkans #top10 #toplist #europe #serbia #croatia #slovenia #albania #bosnia #northmacedonia #balkans #googleearth

♬ 十宗罪(治愈系) – 气质隆Sir

10-то место го зазеде Риека во Хрватска. Деветтото му припадна на Ниш во Србија, осмо е Љубљана во Словенија, а на седмо е Загреб.

Сплит е на шестото место, Белград е петти, додека Нови Сад е на четвртото место. Третото место ѝ припаднало на Тирана, додека на второ место е Сараево.

Токму поради првото место под видеото се најдоа голем број слични коментари од типот: „Како тоа Скопје е најопасен град?“.

Слични содржини