Свет

ВИДЕО: Потоп во Дубаи како во судниот ден, страшни сцени поради поројниот дожд, авионите едвај се движат по поплавената писта

„Во меѓувреме во Дубаи, поплава на судниот ден“, се вели во објава на мрежата „Х“.

ВИДЕО: Потоп во Дубаи како во судниот ден, страшни сцени поради поројниот дожд, авионите едвај се движат по поплавената писта

Силно невреме проследено со силен дожд денеска го зафати Дубаи, а на социјалните мрежи се појавија застрашувачки видеа на кои како од поројниот дожд поплавена е аеродромската писта, а авионите едвај се движат по неа.

Одложени или откажани беа бројни летови, а властите испратија цистерни на улиците и автопатите за да ја испумпуваат водата.

-Операциите на меѓународниот аеродром во Дубаи во вторникот беа прекинати на 25 минути поради силно невреме, се вели во соопштението на аеродромот, пренесе Ројтерс.

Како што потоа додадоа од аеродромот, летовите се рестартирани.

„Во меѓувреме во Дубаи, поплава на судниот ден“, се вели во објава на мрежата „Х“.

Имено, заклучно со 12:02 часот утринава откажани се вкупно 21 појдовен и 24 дојдовни летови, а три лета се пренасочени кон други соседни аеродроми, изјави за Gulf News портпаролот на Дубаи.

To top