Поврзете се со нас

АТП

Циципас шокиран на стартот во Мадрид, Синер го декласира Сонего (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/MutuaMadridOpen

По воведната рунда на Мастерсот во Мадрид во која играше и Рафаел Надал, изминативе 48 часа се играат мечевите од кои дел се и фаворитите, а денеска испадна еден тенисер кој беше програмиран да оди далеку во шпанската престолнина.

По двете финалиња во Монте Карло и Барселона, Стефанос Циципас планираше да ја продолжи добрата форма и во Мадрид, но во втората рудна (прва за него) налета на инспириран противник, а истовремено имаше и многу лош ден.

Гркот загуби од Бразиилецот Тиаго Монтеиро со 6:4 и 6:4, па така неочекувано рано го заврши своето патување во Мадрид и им го олесни патот на останатите во неговиот дел од ждребот.

За разлика од него, Јаник Синер повторно се покажа во фантастично светло и го декласираше Италијанецот Лоренцо Сонего со 2:0 во сетови, со тоа што во првиот го почести и со „компир“.

Сонего не освои ниту еден гејм во првиот сет, додека во вториот успеа да освои три за подостојни 6:0 и 6:3.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни