Милан прими гол за 3-3, па светот го виде најлошото изведување на топката од центар (Видео)

Фудбалерите на Милан уште еднаш ги разочараа своите навивачите, откако синоќа одиграа само 3-3 на домашен терен против Џенова. Гостите двапати имаа водство, но Милан за само три минути во периодот од 72-рата до 75-тата минута дојде до пресврт. Сепак, Џенова успеа да остане непоразена на „Сан Сиро“ и да извлече бод со автоголот на Тиав во 87-мата минута.

Откако Милан го прими голот за израмнување, фудбалерите тргнаа од центарот, но цел свет им се смее за тоа што го направија. Очигледно фудбалерите беа лути сами на себе и воопшто не се разбраа што треба да одиграа, па топката од центарот заврши во аут.

AC Milan’s creative kick-off after conceding their 3rd to Genoa yesterday
byu/gols-e-but insoccer

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести